23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГранд кафе го извлече и третиот Гранд милионер!

Гранд кафе го извлече и третиот Гранд милионер!

Како да бидете богати, а без да се трудите? Вашето омилено кафе го има одговорот! Гранд кафе веќе втора година по ред ја организира наградната игра „Стани Гранд милионер“, преку која секој ден доделува мали кујнски апарати, а секој месец извлекува по еден добитник на главна награда од милион денари. Наградната игра „Стани Гранд милионер“ трае само до 15 декември, што значи дека имате уште малку време за да пријавите учество и да се обидете да добиете милион денари.

Третиот Гранд милионер, кој беше извлечен на 16-ти ноември, е Татјана од Скопје. Таа се увери дека понекогаш сами си ја предизвикуваме среќата, откако успеа да ја освои главната награда по испраќање на код од амбалажата на нејзиното омилено кафе.

„Ги видов рекламите за наградната игра и тоа ме мотивираше да пратам код за учество. Редовно купувам Гранд кафе, но оваа година испратив само два кода за наградната игра. Благодарение на многу среќа, баш првиот испратен код се покажа како добитен!“, вели Татјана.

Линк: https://www.facebook.com/grandkafa/posts/4883874448303155

Почнувајќи од 16.08 па се’ до 15.12 оваа година, секое купување на Гранд кафе од 200 грама може да ви донесе еден куп вредни награди, па дури и да ве направи милионер! Во внатрешноста на секое пакување Grand Gold 200gr, Grand Aroma 200gr и Grand Strong 200gr, на самата амбалажа е втиснат шестоцифрен код кој лесно ќе го забележите. За да учествувате во наградната игра „Стани Гранд милионер“, се’ што треба да направите е да го испратите кодот на веб-страната www.grandkafa.mk или преку СМС на бројот 149 491. Навистина е толку едноставно!

„Да се стане Гранд милионер за мене беше неочекувано, но многу убаво чувство. Кога дознав, едвај успеав да ја сокријам возбудата. Единствено што треба да размислам сега е како да ги потрошам и во што да ги вложам парите…“, завршува Татјана.

Уште малку време остана од наградната игра „Стани Гранд милионер“, која завршува на 15.12 оваа година. Затоа, уште веднаш отворете нова ќесичка Гранд кафе, испратете го кодот втиснат на амбалажата и очекувајте го повикот кој може да ве направи милионер! Секој ден до крајот на наградната игра испратениот код може да ви донесе награда мал кујнски апарат, а на 16 декември ќе биде извлечен и последниот добитник на 1.000.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП