Главниот сомнеж на бугарските обвинители е дека човечка грешка е причината за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ каде загинаа 45 македонски државјани. До овој момент, иако во јавност говорат десетици сведоци, во Обвинителството не се јавил никој од нив да даде изјава, ниту бил затекнат. Се прават и распити на патниците кои се лекуваат во бугарската болница.
„До овој момент нема ниту еден очевидец, а по медиумите ги има по 15-20 лица. Затоа сакаме објективно и коректно да ве информираме, за истрагата до овој момент. Направен е распит на двајца патници кои се во болница, кои дадоа релевантни информации, и биле будни во моментот на несреќата. Сега се прави распит уште на двајца патници. Аутопсијата е завршена и покажа дека сите загинале од задушување од пожарот во автобусот. Во моментот на пожарот, тие биле будни. Работиме со најдобрите можни авто-техничарски експерти. До сега и од нив добивме стручни мислења. Се консултиравме со пожаро-техничарски експерти, кои треба да дадат одговор зошто настанал пожарот. Главниот обвинител на Бугарија утре заедно со екипа, ќе одат во Скопје, каде ќе побараат меѓународна правна помош. Со ДНК ќе се идентификуваат жртвите, за да се вратат телата на семејствата и да се погребат на достоен начин“, кажаа од бугарското обвинителство.

