19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск се закани: „Ова е последно предупредување“

Маск се закани: „Ова е последно предупредување“

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, и се закани на американската инвестициска банка JP Morgan Chase.

Имено, тој рече дека, доколку JP Morgan не ја повлече тужбата против него, вредна 162 милиони долари, ќе остави лоша рецензија за банката на платформата Yelp.

„Ако JP Morgan не ја повлече тужбата, ќе им дадам една ѕвезда на Yelp“, рече Маск одговарајќи на прашање на Wall Street Journal. „Ова е моето последно предупредување!“, додаде тој.

Да потсетиме, банката JP Morgan Chase поднесе тужба и бара 162 милиони долари поради твитот што Елон Маск го објави пред три години.

Моќната банка во понеделникот поднесе тужба до федералниот суд на Менхетен, во која тврди дека Маск им должи милионска сума според договорот за акции потпишан во 2014 година. Во средиштето на спорот е одредбата во договорот која и овозможува на JP Morgan да ги промени деталите од договорот во случај на итност.

JPMorgan тврди дека твитот, кој Маск го објави на 7 август 2018 година, во кој вели дека обезбедил финансии за преземање на Tesla во приватна сопственост по цена од 420 долари, овозможува промена на договорот, бидејќи значително ја намалил цената на Тесла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП