18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Monster“ го разгледува спојувањето со производителот на пивото „Corona“

„Monster“ го разгледува спојувањето со производителот на пивото „Corona“

Производителот на енергетски пијалоци „Monster Beverage“ разговара за спојување со меѓународната компанија за алкохол „Constellation Brands“, објави „Bloomberg“, врз основа на познати извори.

„Monster Bevarage“, во кој „Coca-Cola“ е главен акционер, разговара за потенцијален договор со консултанти, велат извори кои побарале анонимност поради доверливоста на намерите.

Дискусиите можеби нема да доведат до договор помеѓу „Monster Beverage“, кој има пазарна капитализација од 47 милијарди долари и „Constellation Brands“, чија вредност се проценува на 44 милијарди долари. Не е разјаснета точната структура на потенцијалната обврска, како и дали дискусиите ќе доведат до целосно спојување или продажба на имотот.

За секој договор со „Constellation“ ќе биде потребна поддршка од семејството Сендс, кое ја изгради компанијата во глобален играч за пијалоци, велат изворите. Портпаролот на „Constellation Brands“ одби да коментира, а портпаролот на „Monster Beverage“ не беше достапен.

Акциите на „Constellation“ поскапеа за 0,9% во претпазарното тргување во понеделникот, а оние на „Monster Beverage“ речиси и не се променија. Акциите на двете компании се покажаа полоши од индексот „Standard & Poor’s 500“, кој бележи пораст од 25% за 2021-ва година. „Constellation“ затвори по цена од 235,40 долари по акција на 19-ти ноември, што е зголемување од 7,5% досега во оваа година, како и „Monster“ – на 89,30 долари со пад на годишно ниво од 3,4%.

Односот на „Monster“ со „Coca-Cola“ може да биде пречка, вели Кенет Шеа, висок аналитичар за пијалоци и тутунски компании во „Bloomberg Intelligence“.

„Ако се случи таков договор, мислам дека ќе го загрози договорот за ексклузивна дистрибуција со „Coca-Cola“, што може да ги поткопа нејзините меѓународни амбиции за раст“, ​​рече Шеа.

„Гледам одредена синергија меѓу овие две компании, бидејќи регулаторите нема да ги поздрават пијалоците што комбинираат кофеин и алкохол“, додаде тој.

„Coca-Cola“ не одговори веднаш кога беше побарано.

„Constellation Brands“, со седиште во Виктор, Њујорк, започна како производител на вино во 1945-та година. Денес, компанијата ги продава пивата „Corona Extra“ и „Modelo Especial“ во САД, како и текилата „Casa Noble“, водката „Svedka“ и вискито „High West“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП