29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Visa“ очекува да го реши спорот со „Amazon“

„Visa“ очекува да го реши спорот со „Amazon“

„Visa“ очекува да го реши спорот со „Amazon.com“ за таксите за кредитни картички од Велика Британија и се надева дека ќе го продолжи партнерството со гигантот за онлајн трговија во Соединетите држави, изјави главниот финансиски директор на компанијата за плаќања, цитиран од „Reuters“.

Во средата, „Amazon“ објави дека од средината на јануари 2022-ра година ќе престане да прифаќа плаќања со кредитни картички на „Visa“ издадени во Велика Британија.

„Овие работи ги решивме во минатото и верувам дека ќе ги решиме во иднина“, рече Васант Прабу во интервјуто во петокот. „Очекуваме решение за да не бидат засегнати британските потрошувачи“, додаде тој.

Цената на акцијата на „Visa“ закрепна од падот откако „Reuters“ ги објави коментарите на Прабу.

Во средината на минатата недела, „Amazon“ рече дека таксите за кредитни картички треба „да се намалуваат со текот на времето како што напредува технологијата, но наместо тоа да останат високи, па дури и да растат“.

Аналитичарите сугерираат дека овој потег може да биде преговарачка тактика. Во минатото, други големи трговци на мало решаваа слични спорови со „Visa“ откако објавија дека ќе престанат да ги прифаќаат нејзините кредитни картички.

Канадската единица на „Walmart“, на пример, во 2015-та година соопшти дека повеќе нема да работи со „Visa“ кредитните картички откако не успеа да постигне договор за такси. Седум месеци подоцна двете компании објавија дека се договориле.

Прабу коментира дека претпоставките дека тоа што се случува е резултат на фактот дека наметнатиот даночен плафон во ЕУ повеќе не се применува по излегувањето на Британија од Европската унија се „целосно неточни“.

Според него, правилото важи за меѓународните трансакции во Европската унија и Обединетото Кралство, додека спорот се однесува на домашни трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП