3 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАДали еднаш годишно ќе примаме вакцина? Директорот на компанијата Бионтек дециден -...

Дали еднаш годишно ќе примаме вакцина? Директорот на компанијата Бионтек дециден – бустер дозата помага

Заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот месец.

Шефот и основач на германската компанија Бионтек, Угур Сахин, смета дека годишната ревакцинација против корона вирусот во иднина ќе биде доволна.

Тој рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.

-Следните ревакцинации, можеби, ќе бидат потребни само еднаш годишно, како вакцината против грип – објасни Сахин.

Сахин рече дека заштитата од вакцината почнува да опаѓа од четвртиот месец.

Сепак, неодамнешните објавени студии покажаа дека заштитата од сериозни болести е висока до деветтиот месец.

-Бустер дозата ги штити вакцинираните од болести, но помага и да не се развие понатамошен синџир на инфекција – рече Сахин.

Тој посочи дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната тешка зима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП