29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen го „напумпа“ C-Elysee до 380 „коња“

Citroen го „напумпа“ C-Elysee до 380 „коња“

Citroen-C-Elysee-WTCC

„Надуената“ верзија на „Citroen C-Elysee“, која ќе ја врати француската марка во Светскиот шампионат за туристички автомобили (WTCC) во 2014-та година, ќе биде претставена официјално на автосалонот во Франкфурт.

Автомобилот кој ќе биде возен од Себастијан Леб, е опремена со 1.6-литарски бензински мотор кој има цели 380 „коњски“ сили, а кои ќе бидат достапни при 6.000 вртежи. Вртежниот момент пак е на 400 Nm при 4.500 вртежи.

Натпреварувачката верзија на „C-Elysee“ ќе биде опремена со 6-брзински менувач, а погонот е доверен на предните тркала. Citroen „C-Elysee WTCC“, како што е официјалното име на модификацијата ќе се разликува од стандардниот модел со доста агресивен изглед. Тој ќе има обновена предница, „поместени“ браници под кои ќе има 18-инчни тркала, огромното задно крило и т.н.

Изборот на „Citroen“ да биде претставен во сериите на „WTCC“ токму од „C-Elysee“ воопшто не е случаен. Идејата е на овој начин стандардниот модел да биде поддржан од потенцијалните клиенти и автофенови на пазарите кон кои е насочен – Латинска Америка, Мароко, Кина и Русија, објаснува извршниот директор на „Citroen“, Фредерик Банзе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП