23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ попушти, „iPhone“ ќе може да се поправа надвор од овластен сервис

„Apple“ попушти, „iPhone“ ќе може да се поправа надвор од овластен сервис

Технолошкиот гигант „Apple“ им дозволи на некои корисници сами да ги поправаат уредите, што е голем пресврт кога станува збор за компанија која експлицитно забрани да се решаваат дефекти на „iPhone“, „iPod“ и „Mac“ надвор од овластените сервиси.

Во средата беше објавено дека корисниците на двата модели на „iPhone“ и некои „Mac“ ќе можат да нарачаат оригинални делови или алатки за поправка.

Револуционерната промена е последица на зајакнувањето на иницијативата „Право на поправка“, која ја поддржа и американскиот претседател Џо Бајден. Движењето не само што го истакна проблемот што потрошувачите го имаат со „Apple“, туку и со другите компании кои произведуваат техничка стока, автомобили и трактори. Поради обврската за сервисирање на нивните уреди во овластени работилници, поправките се многу скапи дури и за населението во САД.

Корисниците сами го поправаат телефонот

Планот на „Apple“ е следната година да лансира онлајн продавница, која ќе содржи повеќе од 200 поединечни делови или алатки потребни за самостојна поправка на уреди, од кои повеќето се „iPhone 12“ и „iPhone 13“. Првично, продавницата ќе се фокусира на советување на корисниците како самите да го поправат уредот – како што е поправка на екрани, на батерии и на дисплеи, на што „Apple“ жестоко се спротивстави. Уште тогаш, експертите од „Apple“ предупредија дека неисправните заменски батерии од сомнителни производители може да го оштетат уредот.

Одлуката на „Apple“ израдува некои потрошувачи, а многу од нив сакаат слична иницијатива да се примени и на електронските уреди од други производители.

Федералната трговска комисија, администрацијата на претседателот Бајден и државните законодавни тела размислуваат за промени во регулативите што ќе им олеснат на Американците да го поправат уредот. Некои членови изразија загриженост за ограничувањата што ги насочуваат потрошувачите само кон овластени услуги на производителите. Ова ја попречува работата на независните сервисери кои не можат да стигнат до оригиналните резервни делови и удираат во џебот на производителот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП