8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ нема да прифаќа плаќања со кредитна картичка на „Visa“ во Британија

„Amazon“ нема да прифаќа плаќања со кредитна картичка на „Visa“ во Британија

Американски „Amazon“ планира од следната година да престане да прифаќа плаќања направени со кредитни картички издадени во Велика Британија, пишува „CNBC“.

Онлајн трговецот на мало им кажа на некои клиенти дека од 19-ти јануари компанијата повеќе нема да прифаќа „Visa“ кредитни картички издадени во Британија поради високите надоместоци што ги наплаќа компанијата за обработка на плаќањата.

Претходно оваа година, „Visa“ ги зголеми таксите за трговците на мало за обработка на дигиталните трансакции во Велика Британија откако земјата ја напушти Европската унија. Овој потег следи по слични акции од „Mastercard“, кој исто така ги зголеми своите такси.

На клиентите на „Amazon“ им беше кажано дека сепак ќе можат да користат дебитните картички, вклучително и на „Visa“ и на други компании како „Mastercard“ и „American Express“. Корисниците се охрабруваат да го ажурираат стандардниот начин на плаќање пред да направат промени.

Од „Visa“ соопштија дека се „многу разочарани што „Amazon“ се заканува да го ограничи изборот на потрошувачите во иднина“.

„Британските купувачи можат да ги користат своите дебитни и кредитни картички во „Amazon“ во Велика Британија денес и за време на празничната сезона“, рече портпаролот на „Visa“.

„Имаме долга врска со „Amazon“ и продолжуваме да работиме на решение за нашите сопственици на картички да можат да ги користат претпочитаните „Visa“ кредитни картички во „Amazon“ во Британија, без ограничувањата наметнати од „Amazon“ да стапат на сила во јануари 2022-та година, велат од компанијата.

„Amazon“ ја критикува „Visa“ за високите такси за картичките.

„Цената за прифаќање плаќања со картички продолжува да биде пречка за бизнисите кои се стремат да им обезбедат најдобри цени на своите клиенти“, изјави портпаролот на компанијата за „CNBC“.

„Овие трошоци треба да се намалат со текот на времето благодарение на технолошкиот напредок, но наместо тоа тие остануваат високи, па дури и се зголемуваат“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП