26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer, BioNTech и Moderna заработуваат по 1.000 долари секоја секунда од вакцината...

Pfizer, BioNTech и Moderna заработуваат по 1.000 долари секоја секунда од вакцината против Ковид

Pfizer, BioNTech и Moderna гледаат само на профит – го обвинуваат големо фармацевтско трио од организацијата People’s Vaccine Alliance Africa, тврдејќи дека поради тоа, многу сиромашни земји се оставени сами да се грижат за себе во борбата против пандемијата на коронавирус.

Трите најголеми производители на вакцини против Ковид-19 заработуваат околу 65.000 долари секоја минута благодарение на побогатите земји кои ги складираат тие вакцини, додека плановите за давање попусти на вакцините на посиромашните земји во голема мера пропаднаа, открива новата анализа.

Непристојно е само неколку компании да прават профит од милиони долари секој час, додека во сиромашните земји само два отсто од населението се целосно вакцинирани, посочуваат од Народната алијанса за вакцини Африка (PVA).

Pfizer, BioNTech и Moderna заработуваат по 65.000 долари секоја минута од продажбата на нивните хит вакцини против Ковид-19, соопшти организацијата, истакнувајќи дека компаниите испорачале најголем дел од вакцините во богатите земји. Споменатата фармацевтска тројка остварила 34 милијарди долари профит, пресметале споменатите африкански невладини организации, што всушност значи дека тие компании заработуваат 1.000 долари во секунда или 93,5 милиони долари дневно.

И покрај толку високиот профит, 98 отсто од населението во сиромашните земји останува невакцинирано, а PVA додава дека Pfizer испорачал само еден отсто од залихите на вакцини во сиромашните земји, додека Moderna е пет пати полоша во тој поглед, со само 0,2 отсто испорачани вакцини.

Pfizer, BioNTech и Moderna ги искористија своите монополи за да им дадат приоритет на најпрофитабилните договори со најбогатите влади, оставајќи ги сиромашните земји на студ, изјави за MedicalXpress Мааза Сејум од Африканската алијанса (PVA).

Додека AstraZeneca и Johnson & Johnson беа поуспешни во дистрибуцијата на нивните непрофитни вакцини, овие компании планираат да го ослабат договорот во блиска иднина, предвидувајќи го крајот на пандемијата на коронавирус.

PVA ги повика големите фармацевтски компании привремено да ги суспендираат правата на интелектуална сопственост поврзани со вакцините за Ковид-19 со договор во рамките на Светската трговска организација (WТО), но богатите нации, како Германија и Велика Британија, ја блокираа иницијативата. Од друга страна, повеќе од 100 земји, вклучително и САД, ја поддржаа иницијативата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП