3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИграч на крикет зарaботил повеќе од Болт и Ѓоковиќ

Играч на крикет зарaботил повеќе од Болт и Ѓоковиќ

kriket

Капитенот на индиската репрезентација во крикет, Махендра Синг Дони сензационално има заработено повеќе пари во последната година од ѕвездите број еден во атлетиката и тенисот, Усеин Болт и Новак Ѓоковиќ!

Во актуелниот рејтинг на списанието „Форбс“ за заработката на спортистите во периодот од јуни 2012-та до јуни 2013-та, Махендра Дони се најде на 16-то место со 31,5 милиони долари. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е 28-ми, а најбрзиот човек на планетата Усеин Болт е на четириесетата позиција, а зад крикет гордоста на Индија се уште и Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон (Формула 1).

Неверојатно е како играч во спорт кој никогаш не е дел од комерциалност и маргетинг имиџот, да е понапред од ѕвездите од атлетиката, тенисот и особено Формула 1.

На чело е Тајгер Вудс со заработени 78,1 милиони долари. Следат Роже Федерер (71,5 милиони) и Коби Брајант со 61,9 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП