19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканската војска предупредува: Русија тестира оружје во вселената

Американската војска предупредува: Русија тестира оружје во вселената

Американската војска денеска соопшти дека е запознаена со настан што создал поле од ситни делчиња во вселената, а еден официјален претставник посочил дека парчињата, најверојатно, се остатоци од вооружен антисателитски тест (ASAT) извршен од Русија.

Експертите велат дека антисателитското оружје, кое ги разбива елите на ситни парченца, претставува закана бидејќи создава облак од мали делови што можае да се судрат со други објекти во орбитата, што по низа околности и верижни реакции, може да се насочат како проектили кон Земјата.

„Ние активно работиме на утврдување на тоа поле од мали делови и ќе се обидеме да им дадеме насоки на сите нации што учествуваат во вселенски проекти за тоа како да маневрираат со сателитите доколку тоа биде потребно“, соопшти американската вселенска команда, а пренесува „Ројтерс“.

Неименуван американски функционер изјавил дека првичните извештаи покажуваат оти Русија го извршила ASAT-тестот во текот на викендот.

Рускaта војска и Министерството за одбрана не биле веднаш достапни за коментар, соопшти „Ројтерс“.

САД го направиле првиот антисателитски вооружен тест во 1959 година, во период кога имало малку сателити во орбитата.

Минатиот април Русија изврши уште еден антисателитски ракетен тест, а во 2019 година Индија собори еден од нејзините сателити со ракета „земја-вселена“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП