Во прегледот на историски податоци за стапката на инфлација од Втората светска војна па наваму, може да се анализираат 6 периоди во кои годишната стапка на инфлација била над 5%.
Најдолг период на раст на инфлацијата од над 5% е периодот 1973-82 година. Во тој период се случиле шокови во вид на намалување на производството на нафта поради нафтено ембарго на производителите на нафта како и иранската револуција што следеше по војната меѓу Иран и Ирак. Така, инфлацијата во тој период траеше долго поради скокот на цената на нафтата. Кога завршија овие настани, инфлацијата падна под 5%.


