29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈагленот и нуклеарните централи го поддржаа профитот на „RWE“

Јагленот и нуклеарните централи го поддржаа профитот на „RWE“

Раст на добивката и производството на електрична енергија објави германскиот енергетски гигант „RWE“ за првите девет месеци од годината во своите финансиски извештаи. Главна заслуга за тоа имаат јагленот и нуклеарните централи кои во овој период го зголемија своето производство.

До крајот на септември компанијата произвела 17% повеќе електрична енергија отколку во истиот период од минатата година, или вкупно 118,6 терават часови, што е зголемување главно поради електраните на јаглен на компанијата, кои имаат корист од „поволните пазарни услови“.

„RWE“ во својот извештај наведува дека меѓу факторите кои придонесуваат за заживување на производството на јаглен во последните месеци е побарувачката на електрична енергија и падот на производството на ветерните електрани поради неповолните временски услови.

Поради неповолните временски услови се зголемува и производството на струја од гасните капацитети на компанијата во Велика Британија, иако во Германија и Холандија се намалува. Податоците покажуваат и дека се зголемува производството на електрична енергија од нуклеарните централи, што се постигнува благодарение на поретките прекини за одржување.

Така, приходите од продажба на „RWE“ се зголемени за 41% на 13,2 милијарди евра, а од основната дејност – електричната енергија достигнаа 11,1 милијарди евра или раст од 35 отсто. Добивката се зголеми за 6% до 2,4 милијарди евра до крајот на септември.

Компанијата само од работењето на јаглен и нуклеарни централи заработила 720 милиони евра, наспроти 381 милион евра за истиот период во 2020-та година. Поради неповолните временски услови, добивката од офшор ветерните електрани на „RWE“ се намали на 656 милиони евра, наспроти 738 милиони евра една година порано. Во однос на копнениот ветер и соларната енергија, профитот падна за 36 милиони евра на 373 милиони евра, поради невообичаеното студено време во Тексас во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП