20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„VW“ планира фабрика за луксузни електрични автомобили во Волфсбург

„VW“ планира фабрика за луксузни електрични автомобили во Волфсбург

Најголемиот европски производител на автомобили планира да го произведува луксузниот електричен седан „Trinity“ од 2026-та година. Се проценува дека изградбата на фабриката во која ќе се прави ќе чини најмалку неколку стотици милиони евра.

„Trinity“ ќе биде целосно редизајниран систем на возила, кој ќе користи најсовремени електрични погони и софтвер способен за самопрограмирање, вмрежување и автономно возење.

За ова, „Volkswagen“ ќе користи механичка платформа за поголеми електрични автомобили наречена „SSP“.

Германскиот производител на автомобили планира да произведува до 250.000 автомобили годишно во фабриката. Тоа е половина од годишниот капацитет на неговата постоечка фабрика во Волфсбург.

„Volkswagen“ сега работи на проширување на производствените капацитети за своите електрични автомобили. Неговата цел е да го замени најсилниот конкурент на чело на светскиот пазар на електрични возила – „Teslа“.

Сепак, реформите во концернот се причина за загриженост кога се работи за вработување и создаваат тензии меѓу раководството и синдикатите.

„Притисокот на конкуренцијата расте – не само на нашиот праг. Сега треба да го подготвиме Волфсбург за иднината. Нашата цел е да произведеме еден електричен автомобил за десет часа, а тоа е изводливо“, рече извршниот директор Ралф Брандштадтер.

Шефот на концернот Херберт Дис веќе зборуваше за намерата на „Volkswagen“ да направи еден автомобил за десет часа, што исто така е цел на „Teslа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП