26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧетворица астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица

Четворица астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица

Четворица астронаути, тројца од НАСА и еден од ЕСА, пристигнаа денеска на Меѓународната вселенска станица (ISS) со капсулата Crew Dragon прикачена на ракетата Falcon 9 на компанијата Space X.

Планирано е да останат на станицата шест месеци, објави Ројтерс.

Летот траеше 21 час, откако тимот полета од вселенскиот центар Кенеди од Кејп Канаверал во американската држава Флорида.

Капсулата слета на ISS утрово околу 18 часот и 30 минути.

Екипажот го сочинуваат астронаутите Раџе Чарих, Кајл Барон и Том Маршбурн од САД и Матијас Мурер од Германија.

Летот првично беше закажан за 31 октомври, но беше одложен, прво поради временските услови, а потоа поради „ситни медицински проблеми“ поврзани со екипажот, а НАСА соопшти дека овие причини немаат врска со Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП