20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia најавува 6-инчен фаблет

Nokia најавува 6-инчен фаблет

nokia

Можно е ненајавен 6-инчен фаблет на „Nokia“ да дебитира на пазарот уште оваа година, тврди весникот „The Verge“, кој се повикува на свои извори. Тоа најверојатно ќе се случи во празничните завршни три месеци од годинава, во време во кое се остваруваат сериозни продажби.

За самиот уред се зборува дека ќе има дисплеј во резолуција од 1920х1080, чип на „Qualcomm“ со „quad-core“ процесор, како и импозантна 20 MP камера. За кодно име на моделот се наведува „Bandit“, но најверојатно готовата верзија на фаблетот ќе е дел од серијата „Lumia“.

Интересно е дека освен овој уред, „Nokia“ веројатно подготвува и таблет. Фотографии од овој уред претходно се најдоа во виртуелниот простор, а се претпоставува дека моделот ќе го користи оперативниот систем „Windows RT“.

Можно е таблетот и фаблетот на „Nokia“ да бидат претставени на веќе закажаниот настан што ќе се одржи на 26 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП