20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиго со ексклузивна нова понуда – 60 дена за 1 денар

Тиго со ексклузивна нова понуда – 60 дена за 1 денар

Финансиското друштво Тиго Фајнанс од денес започнува со нова, ексклузивна промотивна понуда за сите нови клиенти, наречена „60 дена за 1 денар“.

Имено, со оваа понуда, сите нови клиенти на Тиго со својот прв кредит со еднократна и навремена отплата до 30 дена, кој е бесплатен, добиваат уникатна можност со уплата од само 1 денар да добијат двојно поголем рок на отплата на својот кредит, односно 60 дена.

„Слушајќи ги потребите и барањата на нашите клиенти, креиравме понуда која на граѓаните ќе им обезбеди уште поголема безгрижност и удобност и веруваме дека ваквата уникатна понуда е особено добредојдена во периодот на подготовки за претстојните празници, слави, прослави и соодветно завршување на годината. Земајќи ги предвид зголемените трошоци во овој период, веруваме дека оваа дополнителна вредност, односно двојно повеќе време за отплата, е одлична можност за вистинско опуштање во претпразничниот период, но и подобро справување со предизвиците за домашните буџети кои произлегуваат од актуелните економски состојби и крајот на годината“, изјави Филип Димитровски, Извршен директор на Тиго Фајнанс.

Понудата е промотивна и  ќе трае сè до 31 јануари 2022 година, а клиентите ќе можат да ја активираат оваа опција во некоја од 30-те Тиго филијали ширум земјата.

Паралелно со новата промотивна понуда „60 дена за 1 денар“ која ќе биде активна до крајот на јануари 2022 г, активна и натаму останува и понудата „Првиот кредит е бесплатен“, која е со 0% камата, 0 ден. провизија и 0% СВТ,

Повеќе информации за понудата и Тиго Фајнанс се достапни на www.tigo.mk или на 13 700.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП