20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Xpeng“ атакува на европскиот пазар (ФОТО/ВИДЕО)

„Xpeng“ атакува на европскиот пазар (ФОТО/ВИДЕО)

Кинескиот производител „Xpeng“ ќе го понуди својот втор електричен модел на европскиот пазар, откако пред една година беше лансиран кросоверот „G3“, исто така во Норвешка.

И додека „G3“ може да се смета за ривал на „Model X“ на „Tesla“, „P7“ дефинитивно е конкурент на седанот „Model S“.

Иако автомобилот долг 4,9 метри има голема батерија и пристоен максимален опсег, вниманието на потенцијалните купувачи на прв поглед го привлекуваат вратите што се отвораат на „Xpeng P7 Wing“ на начин кој најчесто се поврзува со моделите на „Lamborghini“.

Многумина веруваат дека оваа „егзибиција“ на кинеските дизајнери била сосема непотребна, бидејќи „P7“ и онака изгледа хармонично. На крајот на краиштата, оние што не ги сакаат на нивниот примерок можат да нарачаат и варијанта со „обични“ врати.

Со речиси 3 метри меѓуоскино растојание, навестува удобна патничка кабина, додека батериите од 80 kWh обезбедуваат автономија на возење од преку 700 km, иако според стариот, „NEDC“ стандард. Според WLTP, максималниот радиус е околу 530 километри што е сепак добар резултат.

Најбрзата варијанта на „P7 – 4WD“ со високи перформанси, забрзува до 100 km/h за 4,5 секунди.

„Xpeng P7 Wing“ во Норвешка чини околу 600.000 круни, односно околу 60.000 евра. Останува да видиме дали ќе го освои норвешкиот пазар, како моделите на „Tesla“ пред него.

Дека се работи за сериозен финансиски потфат говори и фактот што кинеската компанија во Норвешка веќе инвестирала пари во 17 салони и 21 сервис за да им биде на располагање на купувачите и идните сопственици на овие возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП