20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрујата ќе поскапи, а рестрикции мора да има

Струјата ќе поскапи, а рестрикции мора да има

Најмалку 20 проценти, па и до 50 отсто ќе поскапи струјата за домаќинствата по Нова Година, предупредуваат експертите. Велат дека состојбата со електричната енергија е алармантна и неизбежни се рестрикции. Од Стопанската комора за енергетика велат дека државата мора да почне да подготвува план за тоа. За ваквата лоша состојба од комората ги известиле надлежните уште во текот на летните месеци, кога цената на струјата на светските берзи почнала сериозни да расте.

-Ако се реагираше пред неколку месеци сега немаше да треба да се бориме со нешто што ќе се случи, а тоа се рестикции. Кога цената на струјата се зголеми до 120 евра они велеа,  да тоа не е многу, а таа беше три пати зголемена. Кога дојде веќе до над 250 пак не била висока, но кога најавија дека ќе дојде до 400-тини евра во некој земји, тогаш почна малку да се реагира и да се види дека нешто ќе се случи. Државата мора да подготви план за рестрикции и за штедење на електрична енергија, да се подготват општините. Можеби и децата треба да следат онлајн настава затоа што така ќе се намали потрошувачката, вели Горѓи Манасков- претседател на Стопанска Комора за енергетика на Македонија.

Состојбата дополнително се влоши  со дефектите кои се случија во РЕК Битола. По хавариите и целосното исклучување на централата од мрежа, повторно работи. Првиот блок е во функција. Но овие количини не се доволни поради што загубите се надокнадуваат од европската мрежа и набавката на струја од страна на ЕСМ.

За само неколку дена за купување на струја, сметката достигна до речиси 7 милиони евра. Последната набавка е на 4.500 мегавати во вредност од над 1 милион евра. Додека за неколку дена треба да стигне и фактурата на Мепсо за користењето на струјата од меѓународните мрежи која се очекува да биде најмалку 15 милиони евра.

Експертите се загрижени и за резервите на јаген со кои располага РЕК. Велат во моментов количините се мали како за во летните месеци, а не за поркивање на потребите во зима. Сметаат и дека со набавката многу се доцни.

-Ако не работи третиот блок, ако работат само првиот и вториот, јаглен има за пет, шест дена. Ако потребните количини се набавеа уште пред два месеци, земјава ќе имаше можност да ги спаси граѓаните од овој момент што не очекува, а тоа се рестрикции, додава Манасков

Се уште нема информација кога ќе стигнат и од каде потребните 300 илјади тони за Тец Осломеј. А до крајот на оваа недела треба  да се знае од каде ќе се набават и 900 илјади тони, кој се планирани за третиот блок во РЕК. Сепак, како и останатите енергетичари и Манасков сметаат дека, транспорт на јагленот ќе биде многу тежок.

Иако има најави за рестартирање и на ТЕЦ Неготино- централа која повеќе од 10 години не е во функција, Манасков смета дека тоа не е добра опција – цената на мазутот е скапа и подобро е во тој случај да се увезе струја, отколку да се работи со мазут.

Смета дека треба брзо да се рагира и да се зголемат инвестициите во секторот. Вели дека РЕК Битола е објект кој е уште од времето на Југославија, а за сите овие години многу малку е инвестирано.

Денеска пак се очекува прогласување на кризна состојба. Комисијата пак предводена од министерот за економија Бектеши на владина седница ќе го поднесе барањето за нејзино стапување во сила. Иако дел од екпертската јавност сметаат дека рестицкии ќе мора да има, Бектеши уверува дека тоа нема да се сличи. Кризната состојба ќе биде за да може да се носат мерки и финансиски да им се помогне на ЕСМ и МЕПСО .

За оваа намена државата има подготвено 100 милиони евра, но експертите сметаат дека оваа сума сега веќе не е доволна. Од Владата пак уверуваат дека буџетот е ликвиден и пари има.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП