29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск продава 10 отсто од акциите на Тесла врз основа на анкетата...

Маск продава 10 отсто од акциите на Тесла врз основа на анкетата на Твитер

Акциите на Тесла паднаа речиси пет отсто откако извршниот директор Илон Маск изјави дека ќе продаде 10 отсто од акциите во компанијата, што е околу 20 милијарди долари според бројни проценки, а сето тоа се заснова на резултатите од анкетата што ја спроведе на Твитер минатиот викенд.

Според аналитичарот Даниел Ајвс, Маск поседува околу 23% од акциите на Тесла и има околу 10 милијарди долари даноци од акциите кои ќе се наплатат следното лето, пренесе АП.

„Имам само акции, така што единствениот начин да платам даноци е да ги продадам акциите“, напиша Маск на Твитер.

Најголем дел од богатството на Маск се состои од акциите на Тесла.

Многумина на Волстрит претпоставуваа дека Маск може да продаде близу пет проценти од својот удел, додаде Ајвс, но изјави дека дури и удвојувањето на таа бројка не го загрижува Маск или неговата компанија.

Ајвс, неодамнешната анкета на Маск на Твитер ја нарече „уште една бизарна сапуница, која може да и се случи само на една компанија и на еден извршен директор во светот – Маск“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП