26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска за половина денар поевтини цени на горивата

Од денеска за половина денар поевтини цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 1.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,690 денари за килограм и сега изнесува 41,445 денари за кг.

Од 9.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,637% , кај дизелот за 2,055% , кај екстра лесното масло за 2,660% и кај мазутот намалувањето е за 2,234% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,146% , информираат од РКЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП