16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали "Евергранде" веќе е банкротиран?

Дали “Евергранде” веќе е банкротиран?

Додека Евергранде се мачи со исплата на камати, и затоа продава корпоративни приватни авиони, луксузни недвижнини и делови од својата бизнис империја, еден германски финансиски аналитичар тврди дека во моментов сме сведоци на прикривање од монументални размери.

Кредитниот аналитичар Марко Мецлер во неколку наврати истакна дека е скептичен за низата медиумски извештаи кои се повикуваат на анонимни извори кои тврдат дека Евергранде успеал да ги запази роковите за исплата на каматата на обврзниците, пишува порталот Азијамаркетс.

-Загрижува фактот што нема потврди за прием на уплатата од ниту еден официјален извор и дека изворите се третираат на таков нетранспарентен начин, вели Мецлер во интервју за германскиот магазин Менаџер.

За што зборува Мецлер?

Да видиме како до сега преку финансиските медиуми стигнуваа информации за роковите на Евергранде за плаќање камата на обврзниците.

Секој рок предизвикуваше голема загриженост на светските пазари како што се приближуваше, а таа голема загриженост набрзо исчезна кога беше објавена веста дека рокот е испочитуван „за влакно“.

Мецлер вели дека си ја завршил домашната задача и дека и покрај тоа што се распрашувал со бројни инвеститори, сè уште не сретнал потврдни информации за наплата на некоја од овие камати.

  • Евергранде и Ситибанк досега официјално не потврдија исплата на 83 милиони долгови. Побаравме многу инвеститори кои ги познаваме и никој ништо не ни потврди, вели Мецлер.
  • Единствениот извор, на кој се повикуваат Њујорк Тајмс и други медиуми, наводно анонимен човек од банкарскиот сектор, редовно се јавува неколку часа пред истекот на рокот и вели дека ја примил исплатата.

Дали Евергранде банкротираше?

Во правна смисла, Евергранде не банкротирал, ниту пак порталот АзијаМаркетс тврди дека со акциите на оваа компанија се тргува додека е несолвентна. Сепак, поранешниот директор на „Фич рејтингс“, Мецлер, вели дека верува дека банкротот во таа компанија е во полн ек.

  • Евергранде и Ситибанк официјално не потврдија никакво плаќање иако поминаа повеќе од 30 дена од крајниот рок, вели Мецлер и додава дека постојат сериозни причини да се сомнева дека парите биле исплатени на некој друг освен на индивидуални доверители на некои офшор обврзници кои компанијата ги купила.
  • Според нас, тоа очигледно значи дека Евергранде банкротирал, тоа значи и дека сите други обврзници се технички веќе неисполнети. Тоа значи и дека инвеститорите технички можат да поднесат барање за стечај, продолжува Мецлер и заклучува дека доколку некогаш биде ликвидиран Евергранде, тие ќе можат да платат само 5% од вкупните обврски.

Што друго треба да исплатат?

Доколку теоријата на Мецлер е точна, во наредниот период ќе почувствуваме уште поголеми бранови на светските пазари.

Веќе во среда, на 10 ноември, истекува грејс периодот за исплата на камата на 3 американски обврзници, со вкупна вредност од 148,2 милиони долари. Ист грејс период за уплати имаа и на 24 октомври и вчера на 6 ноември. Севкупно, Евергранде требаше да издвои околу 317,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП