26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10 – 31.10.2021 година вкупниот промет изнесувал 930.247.593 денари и е зголемен за 51,10 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 571.463.963 денари и е зголемено во однос на септември за 13,51 отсто кога изнесувало 503.426.341 денари.Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 538.839.279 денари и обврзници во вредност од 32.624.684 денари.

Блок трансакциите во октомври изнесувале 356.783.630 денари и се зголемени за 380,78 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомври изнесувал 1.805 и е намален за 14,25 отсто во однос на септември кога изнесувал 2.105.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за октомври 2021 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП