ЕВН Македонија е прва во категоријата „Корпоративна филантропија за големо претпријатие“ за 2019 година
ЕВН Македонија е добитник на наградата за филантропија „ОКО“ како најдобра во категоријата „Корпоративна филантропија за големо претпријатие за 2019 година“. Компанијата се натпреваруваше во оваа категорија преку своите три проекти: „ЕВН Волонтира“, „Електромобилност со ЕВН“ и „Гласни раце во ЕВН“. Следејќи ги светските трендови, оваа компанија веќе неколку години активно гради инфраструктура на полначи низ целата земјата преку проектот „Електромобилност со ЕВН“, а со имлементација на проектот „Гласни раце во ЕВН“ се стреми да обезбеди највисоко ниво на услуга за граѓаните со оштетен слух. Користејќи ги своите интереси, знаења и широк распон на вештини, вработените во ЕВН работеа за подобрување на локалните заедници како дел од програмата за корпоративно волонтирање „ЕВН Волонтира“ која е сè уште во тек.



