28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на Galpin GTR1

Премиера на Galpin GTR1

galpin1

„Galpin Auto Sports“ го престави нивниот нов „GTR1“ прототип на „Pebble Beach“ за кој се истакнува дека е визија на тоа како „Ford GT“ денеска би изгледал. Токму на овој модел е базиран „GTR1“ и го одликува рачно изработена алуминиумска каросерија креирана од страна на „Gaffoglio Family Metalcrafters“ од Калифорнија.

Сигурно е дека ваков дизајн кој подразбира „LED“ предни светла, преден спојлер изработен од јаглеродни влакна и сет 20 инчни алуминиумски тркала со „Pirelli P Zero Rosso“ нема да им се допадне на сите.

galpin2

Внатрешноста во голема мерка е пренесена од моделот „Ford GT“, но се обезбедени врвни кожни навлаки, „McIntosh“ аудио систем, како и унапредена инструмент табла изработена од алуминиум.

За снагата е задолжен twin-turbo 5.4L V8 мотор кој развива 1.024ks и 1.000Nm вртежен момент кој на овој модел му овозможува забрзувањето од 0 дo 100km/h да го постигне за три секунди и да забележи максимална брзина од 362km/h.

galpin3

Производството на овој модел ќе биде ограничено на шест и 24 единици, компанијата моментално добива нарачки по цена од 750.000 евра по возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП