19 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Haval“ го престави својот нов модел наречен „Monster“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Haval“ го престави својот нов модел наречен „Monster“ (ФОТО/ВИДЕО)

Во пролетта оваа година, „Haval“ го покажа концептниот автомобил „XY“, кој сега е претставен пред потенцијалните купувачи во различни форми. Ова е веќе кросовер со кој кинескиот производител го покажува својот иден стил.

Моделот е наречен „Monster“, добива композитни фарови, решетка без рамка и рачки на вратите што се извлекуваат. Автомобилот е базиран на новата платформа „L.E.M.O.N.“, која ќе ја користат и другите марки на концернот „Great Wall“. Димензиите на кросоверот се должина од 4780 mm, широчина од 1890 mm и височина од 1675 mm. Така, „Monster“ е поставен над „H6“ во гамата на брендот.

Внатрешноста на автомобилот има минимум физички копчиња и многу модерна електроника. Возачот и патниците имаат на располагање неколку екрани – мултимедијалниот систем со дисплеј од 14,6 инчи и дигитална инструмент табла од 12,3 инчи, а токму поради технологијата производителот го дефинира овој модел како свој предводник.

„Haval Monster“ има телематички систем кој овозможува автомобилот да се поврзе со паметен телефон и „облак услуги“, како и адаптивна контрола на патувањето и систем за автоматско паркирање. Со него автомобилот ги „памти“ последните 50 метри од своето движење, а потоа може да го повтори патот и да излезе од паркингот.

Првично, кросоверот ќе биде достапен со два бензински мотори – 1,5-литарски со 184 ks и 2.0-литарски со 224 ks. И двете се поврзани со 7-брзински автоматски менувач, само со погон на предните тркала.

Цената на моделот ќе се движи од 21.000 до 26.000 долари. Во подоцнежна фаза ќе се појави и хибридна верзија која ќе биде со погон на четири тркала и ќе чини околу 30.000 долари. Ова се цените за Кина, се очекува во странство „Monster“ да биде уште поскап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП