2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа најмоќниот „Chevrolet Corvette“ ќе мора да се чека 3 години

За најмоќниот „Chevrolet Corvette“ ќе мора да се чека 3 години

„Chevrolet“ пред само неколку дена ја покажа најмоќната верзија на новата „Corvette“ – „Z06“ и почна да прима нарачки за автомобилот. Интересот за моделот се покажа поголем од очекуваното, што значи дека оние кои сакаат да го имаат ќе треба да чекаат долго време.

Вработен во еден од најголемите дилери на марката во Соединетите Американски Држави за „Carscoops“ открил дека тој и неговиот тим прифатиле 1.087 пред-нарачки за автомобилот за само неколку дена, од кои секоја нарачка чини 1.000 долари. А со оглед на квотата што ќе ја добие овој дилер, некои од пријавените ќе чекаат и повеќе од 3 години за испорака на суперавтомобилот.

Секако, постои можност за некои од оние кои сакаат да се откажат и да го намалат времето. Дилерите од Атлантик Сити и Њу Џерси веќе побараа од клиентите да престанат со нарачките бидејќи нивните оддели за продажба не можат да се справат со обработката на нарачките.

Дилерите дури ветија дека ќе го продадат автомобилот по цена препорачана од „General Motors“, која сѐ уште не е објавена.

Ако се оди според планот, производството на „Z06“ би требало да започне во летото 2022-ра година, но ситуацијата е непредвидлива поради недостатокот на микрочипови и пандемијата на коронавирусот.

Суперавтомобилот е опремен со 5,5-литарски атмосферски V8 со 670 ks, кој е позајмен од тркачката „Corvette C8.R“. Надуената верзија од 0 до 100 km/h забрзува за 2,6 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо од обичната „Corvette Stingray“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП