24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Coca-Cola“ ја објави најголемата аквизиција во својата историја

„Coca-Cola“ ја објави најголемата аквизиција во својата историја

„Coca-Cola“ денеска објави дека ја презела целосната контрола над производителот на спортски пијалоци „Bodyarmor“ за 5,6 милијарди долари. Ова е најголемата аквизиција во историјата на компанијата.

Гигантот за пијалаци купи 15 отсто од акциите во „Bodyarmor“ во 2018-та година, со што стана втор по големина акционер. Кошаркарската легенда Коби Брајант тогаш беше трет најголем акционер по инвестирањето во „Bodyarmor“ во 2013-та година, само две години по неговото основање. Наследниците на Брајант ќе добијат повеќе од 400 милиони долари од продажбата, пишува „Wall Street Journal“.

Договорот за преостанатите 85% од „Bodyarmor“ не е сосема неочекуван. „Coca-Cola“ ја информираше Федералната трговска комисија во февруари дека има намера да купи контролен удел во „Bodyarmor“ подоцна во годината.

Контролата на „Bodyarmor“ и помага на „Coca-Cola“ да го зголеми својот удел на пазарот на спортски пијалоци, иако „Gatorade“ на „PepsiCo“ е неприкосновен лидер на пазарот со речиси 70% удел. Позиционирајќи се на пазарот како поздрав спортски пијалок, „Bodyarmor“ го престигна „Powerade“ во сопственост на „Coca-Cola“ и стана вториот најголем играч во оваа категорија. Според „Coca-Cola“, продажбата на мало на брендот спортски пијалоци е над 1,4 милијарди долари, што е за 50% повеќе во оваа година.

„Coca-Cola“ прави промени во своето портфолио на брендови од почетокот на пандемијата, запирајќи го производството на производи кои не се продаваат добро. Во исто време, под водство на извршниот директор Џејмс Квинси, компанијата се обидува да понуди поширок спектар на пијалоци.

Договорот за „Bodyarmor“ е најголемата аквизиција на „Coca-Cola“, пред купувањето на „Costa Coffee“ за 5,1 милијарди долари во 2018-та година.

Акциите на „Coca-Cola“ се зголемија за 3% од почетокот на годината, што и дава пазарна капитализација од 244 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП