29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој губи, а кој добива од инфлацијата

Кој губи, а кој добива од инфлацијата

Инфлацијата во последните месеци е поим кој, за жал, често го слушаме. Општото зголемување на цените на производите и услугите може да претставува голема загуба за некои, додека други може да го зголемат нивното богатство на сметка на инфлацијата.

Пандемијата доведе до голем број екстремни ситуации во светската економија во изминатата година и половина. И покрај тоа што на почетокот се чинеше дека се работи за краткорочни проблеми, сега се чини дека веројатно ќе траат долгорочно.

Кога вредноста на валутата паѓа, тоа може да има поголеми последици за некои поединци отколку за други. На веб-страницата на „Банкрејт“ наведоа кога инфлацијата треба да влијае повеќе, а кога помалку.

Победници од инфлацијата

Корисници на заеми со фиксна стапка

Според Марк Том, пензиониран професор по економија на Универзитетот во Орегон, секој сопственик на големи долгови со фиксна стапка има корист во време на инфлација. Во овој случај, каматната стапка се одредува во моментот на склучување на договорот и не се менува со текот на времето. Според него, сопственоста на недвижности е и добра заштита од инфлација, бидејќи со текот на времето ја задржува својата вредност.

Инвеститори во акции

Според „Банкрејт“, акционерите до одреден степен се заштитени од инфлација. Истите фактори кои влијаат на растот на цените на суровините влијаат и на зголемувањето на вредноста на компанијата. Многу зависи и од бизнисот во кој работи компанијата.

Инвеститори во суровини

Грег Мекбрајд, главен финансиски аналитичар во „Банкрејт“, рече дека купувањето акции кои може да се чуваат како златото, е исто така добра заштита од инфлација. Некои финансиски експерти сметаат дека биткоинот е дигитален облик на злато, додека други се противат.

Губитници од инфлацијата

Штедачите

Во време на инфлација, меѓу губитниците се вклучени и штедачите, бидејќи парите што ги ставаат на страна од година во година постепено губат вредност.

Пензионерите

Кога стапката на инфлација е висока, тоа се рефлектира со повисоки плати, а пензионерите немаат корист од тоа, вели Мекбрајд. Така, инфлацијата негативно влијае на нивните средства.

Инвеститори во долгорочни обврзници

Како што објасни Том, инвеститорите во обврзници обично се во неповолна положба во време на инфлација. Мекбрајд додава дека инвеститорите во обврзници можат да се осигураат со тоа што ќе изберат да инвестираат во краткорочни обврзници индексирани со инфлација.

Корисниците на кредити со променливи каматни стапки

Времето на инфлација е неповолно за имателите на кредити кои го враќаат по променлива каматна стапка. Имено, ратата за отплата на кредитот се зголемува со зголемувањето на цените, што ја прави нејзината отплата зголемен финансиски товар за имателот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП