25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВаријантата делта ги потисна резултатите на „Royal Caribbean“

Варијантата делта ги потисна резултатите на „Royal Caribbean“

Компанијата за крстарење „Royal Caribbean Group“ не успеа да ја исполни својата квартална прогноза за приходи бидејќи луѓето сè уште се загрижени за одење на крстарења поради брзото ширење на делта варијантата на коронавирусот.

Бродовите за крстарење почнаа да пловат од американските пристаништа кон крајот на јуни, со претежно вакцинирани гости и екипажи, но некои случаи на бродот и зголемениот број луѓе заразени со Ковид-19 ја зголемија загриженоста за краткорочната иднина на индустријата.

Редовното тестирање им помогна на линиите за крстарење да се погрижат изолираните случаи на новиот коронавирус да не се претворат во големи епидемии, иако реакциите за продолжувањето на патувањата се мешани.

Вкупниот приход на „Royal Caribbean“ достигна 457 милиони долари во третиот квартал кој заврши на 30-ти септември, во однос на прогнозата од 567 милиони долари, според „Refinitiv“.

Прилагодената заработка за периодот беше 4,91 долар по акција, додека аналитичарите очекуваа 4,41 долар по акција. Приходите од продажба на билети изнесуваат 280,2 милиони долари во споредба со очекуваните 498,8 милиони долари.

Сепак, аналитичарите очекуваат растечката побарувачка и големите заштеди на домаќинствата да го поддржат закрепнувањето на индустријата за крстарење. Од „Royal Caribbean“ велат дека обемот на резервации е подобрен откако варијантата делта доведе до блокади во текот на летото.

„Royal Caribbean“, кој стана првиот голем оператор за крстарења што ги обнови операциите од американските пристаништа во јуни, вели дека патувањата за 2022-ра година биле резервирани до историски дострели и цените останале високи во текот на годината.

„Бројот на случаи опаѓа и побарувачката почна да се враќа. Потрошувачите ја покажуваат својата издржливост и желба за одмор“, изјави извршниот директор Џејсон Либерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП