17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДали го поместивте часовникот? Започна зимското сметање времето

Дали го поместивте часовникот? Започна зимското сметање времето

Зимското сметање на времето започна утрово во 3 часот по полноќ со поместување на стрелките на часовникот еден час наназад.

Во недела во три часот по полноќ, часовниците беа поместени за еден час наназад, така што времето во три часот се брои како два часот.

Врз основа на Законот за сметање на времето, зимското и летното сметање на времето е регулирано во 1996 година.

Европскиот парламент во март 2019 година изгласа укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година, но земјите членки на Европската Унија треба да одлучат дали ќе воведат само зимско или летно сметање на времето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП