18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung најавува 12 инчен таблет

Samsung најавува 12 инчен таблет

tablet samsung

Во компанијата „Samsung“ одлучија да го прекинат трендот на мали таблети, а тоа ќе го сторат со претставувањето на уред кој ќе биде со екран од 12 инчи.

Медуимите во Јужна Кореа шпекулираат дека новиот уред би требало да биде претставен во октомври, но до тогаш во „Samsung“ и натаму ќе работат на развојот на уредот.

Најголемиот екран кој го имаат уредите на јужнокорејската компанија моментално изнесува 11.6 инчи.

Уште една информација која беше објавена во јули тврди дека компанијата работи на уред со дијагонала од 12.2 инчи и кој можеби нема да биде дел од семејството „Galaxy“.

Тогаш се шпекулираше дека тој дисплеј би можел да има иста резолуција како и помалиот таблет на „Google“ – „Nexus 10“, кој го произведува „Samsung“.

Доколку ова навистина се случи, многу е веројатно дека и останатите производители сериозно ќе размислат за поголеми екрани, а неодамна „Toshiba“ најави „Android“ таблет со екран кој ќе има дијагонала од 13.3 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП