20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Bosch“ ќе инвестира над 400 милиони евра во производство на чипови

„Bosch“ ќе инвестира над 400 милиони евра во производство на чипови

Германската технолошка групација „Robert Bosch“ одвои повеќе од 400 милиони евра за инвестиции во производство на микрочипови во Германија и Малезија во следната година за да го ублажи глобалниот недостиг на полупроводници.

Недостигот на чипови за автомобилските компании го наруши производството на возила ширум светот, бидејќи добавувачите речиси целосно се потпираат на чипови од само неколку производители во Азија и САД.

Поголемиот дел од буџетот на „Bosch“ ќе се искористи за побрзо проширување на фабриката во Дрезден, Германија, соопшти компанијата.

Околу 50 милиони евра ќе бидат инвестирани во фабрика во Ројтлинген во близина на Штутгарт, додаваат од „Bosch“, која произведува автомобилски делови и системи за автоматизација во фабриките.

Друг проект што ќе се финансира е изградбата на постројка за тестирање на полупроводници во Пенанг, Малезија, соопшти компанијата, без да открие колкава ќе биде инвестицијата.

Минатиот месец, „Intel“, најголемиот производител на компјутерски процесори и центри за податоци, рече дека може да инвестира до 80 милијарди евра во Европа во следната деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП