29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШампион во еволуцијата: Дебитираше новиот „Range Rover“ (ФОТО/ВИДЕО)

Шампион во еволуцијата: Дебитираше новиот „Range Rover“ (ФОТО/ВИДЕО)

Иако е целосно редизајниран, „Range Rover“ за 2022-ра година ги има сите карактеристики кои го прават овој луксузен „SUV“ препознатлив на прв поглед.

Со својата силуета и предниот дел наликува на својот претходник, додека дизајнерите многу повеќе интервенираа на задниот дел од возилото, кое сега изгледа помодерно и пооригинално.

Сè на сè, новиот модел ја задржува формата на „кутија“ од претходните генерации, но под лимот носи дури 125 различни иновации.

„Range Rover“ се зголеми во должина за 52 mm, на 5.052 mm во кратката и 5.252 mm во верзијата со подолго меѓуоскино растојание, додека растојанието меѓу оските се зголеми уште повеќе, дури 75 mm.

Возилото е поставено на нова механичка платформа „MLA Flex“, па од 2024-та година ќе нуди и електричен погон.

Во меѓувреме, на купувачите ќе им бидат достапни дури седум опции за напојување. Покрај класичниот 4.4-литарски V8 твин-турбо бензинец, има и дизели во „лесната“ хибридна варијанта (D250, D300 и D350), како и дизајнирани бензински мотори (P360 и P400).

На врвот на гамата се „plug-in“ хибридите, „P440e“ и „P510e“ со електрична автономија до 100 km.

На крајот од овој прв вовед во новата генерација на британскиот „SUV“, треба да се каже дека во најмоќната верзија овој автомобил стигнува до „стотка“ за само 4,6 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП