26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГлобалната продажба на серијата „Redmi Note“ надминува 240 милиони

Глобалната продажба на серијата „Redmi Note“ надминува 240 милиони

Серијата „Redmi Note“ наводно е продадена во над 240 милиони единици ширум светот, објави компанијата.

Во февруари оваа година, „Xiaomi“ објави дека глобалната продажба на паметни телефони од серијата „Redmi Note“ надминала 200 милиони единици. Ова значи дека серијата испорача уште 40 милиони единици само во последните седум месеци.

„Xiaomi“ го лансираше првиот телефон „Redmi Note“ во 2014-та година. Оттогаш, кинескиот производител на паметни телефони постојано воведува нови телефони во серијата, а серијата „Redmi Note 11“ е најнова, според „Gadgets 360“. Покрај тоа, „Xiaomi“ вети дека ќе достигне глобална пресвртница со своите 10.000 продавници до крајот на овој месец.

Цитирајќи го извршниот директор на „Redmi“, Лу Вејбинг, извештајот на „IThome“ вели дека глобалната продажба на серијата „Redmi Note“ надмина 240 милиони единици. Најавата беше објавена за време на настанот за лансирање на серијата „Redmi Note 11“ во четвртокот, 28-ми октомври. Сепак, 2Xiaomi“ не сподели поединечни бројки за различни генерации телефони од серијата „Redmi Note“.

Одделно, Лу Вејбинг објави дека компанијата ќе отвори повеќе од 10.000 продавници на „Xiaomi“ до крајот на октомври. 10.000-тата продавница ќе биде продавница на „Shenzhen Happy Harbor“.

„Xiaomi“ ја претстави серијата „Redmi Note 11“ во Кина во четвртокот. Новиот опсег вклучува три паметни телефони – „Redmi Note 11 5G“, „Redmi Note 11 Pro“ и „Redmi Note 11 Pro +“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП