18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да спречите стареење на кожата на вратот?

Како да спречите стареење на кожата на вратот?

Истите жени кои месечно трошат илјадници на производи за нега на лицето и шминката која на нив ќе ги прикрие мааните, често забораваат дека годините се забележуваат најпрвин на вратот и рацете. Затоа, започнете уште денес, без оглед дали имате 19 или 39, да се грижите за својот врат.

Што можете да преземете вашиот врат да го задржи младоликиот изглед?

Нега на кожата на вратот

Навистина не е неопходно да купувате посебна крема за вратот, но задолжително е секојдневно да нанесувате крема на тоа подрачје. Наутро и навечер, при нанесување на крема на лицето, немојте да заборавите истата крема внимателно да ја нанесете и на вратот. Тоа секогаш правете го со благи потези од доле па нагоре (од деколтето кон брадата) со цел да не ја влечете кожата надолу.

Вежбање на вратот

Оваа вежба ќе ви помогне да го затегнете вратот и да спречите појава на подбрадок ( или да го ублажите доколку веќе го имате.) Стиснете ги усните во поза за бакнеж, потоа главата завртете ја нагоре и глумете дека со усните сакате да го бакнете таванот. Ќе почувствувате лесно затегнување во подрачјето на вратот и така ќе го зацврстите. Вежбата секој ден повторувајте ја барем 20 пати.

Правилно држење

Ако сте постојано подгрбавени и ако поголемиот дел од денот брадата речиси ви ја допира клулната коска, побргу ќе предизвикате појава на брчки. Држете ја главата исправено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП