2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМетаверзум: Фејсбук го смени името и создава онлајн свет

Метаверзум: Фејсбук го смени името и создава онлајн свет

Компанијата, која ја најави промена на годишната конференција за програмери, соопшти дека одлуката за преименување е донесена со цел подобро да се „опфати“ она што го прави сега, бидејќи го проширува досегот надвор од социјалните мрежи во области како што е виртуелната реалност.

Исто така, ги откри плановите за Метаверзум – онлајн свет каде што луѓето можат да играат, да работат и да комуницираат во виртуелна средина, често користејќи VR слушалки.

Промената на името следи по серијата негативни приказни за Facebook, врз основа на документи откриени од поранешен вработен во компанијата.

Френсис Хоген ја обвини компанијата дека го става „профитот над безбедноста“.

Во 2015 година, Google ја редефинира компанијата со именување на нејзината матична компанија Alphabet, меѓутоа името не се промени.

Промената на името уследи по неколкучасовниот застој во работата на Фејсбук и Инстаграм, што го чинеше сопственикот на компанијата Марк Цукерберг околу шест милијарди долари, пишува Блумберг.

Што е Метаверезум?

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукербег неодамна најави развој на метаверзум, еден вид виртуелен свет за секого.

Тој рече дека за развој на овој проект се планира отворање на 10.000 работни места во Европската унија.

„Метаверзумот има потенцијал да помогне во пристапот до нови креативни, социјални и економски можности.

А европејците ќе го обликуваат од самиот почеток“, се наведува во објавата на Фејсбук.

Новите работни места што ќе се отворат во следните пет години ќе вклучуваат „високо специјализирани инженери“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП