7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксузниот седан на „Toyota“ станува крос-купе

Луксузниот седан на „Toyota“ станува крос-купе

Следната генерација на луксузната лимузина „Toyota Crown“, која е во развој, ќе стане купе со 4 врати во стилот на „Audi A7 Sportback“.

Според јапонското издание „Best Car“, моделот ќе биде достапен и како крос-купе, кој ќе биде претставен до крајот на 2022-ра година.

Овој автомобил ќе добие зголемен клиренс до 170 mm, како и дополнителна пластична заштита на каросеријата. Така, автомобилот ќе изгледа како вистински теренец, а ќе се разликува од вообичаениот „фастбек“, кој ќе биде достапен само со погон на предните тркала.

Сепак, кросоверот ќе добие погон на четири тркала, а тоа ќе биде системот „E-Four“ со електромотор на задната оска. Слична шема важи и за моделот „Harrier“ (Venza).

Новата палета на мотори ќе го вклучува актуелниот 2.0-литарски турбо мотор со 4 цилиндри со 245 ks и хибриден агрегат. Тој ќе се базира на 2,5-литарскиот атмосферски мотор со 280 ks.

Се претпоставува дека новата генерација на „Toyota Crown“ ќе биде претставена најдоцна до летото следната година. Премиерата на „оф-роуд“ верзијата ќе се случи неколку месеци подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП