25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБезос планира да изгради прва приватна вселенска станица помеѓу 2025 и 2030...

Безос планира да изгради прва приватна вселенска станица помеѓу 2025 и 2030 година

Извршниот директор и основач на Blue Origin, Џеф Безос, во понеделникот објави дека планира да ја изгради првата приватна вселенска станица во орбитата помеѓу 2025 и 2030 година.

Под називот Orbital Reef Безос ја развива станицата со неколку партнери, вклучувајќи го и Боинг, соопшти компанијата.

Orbital Reef ќе служи како еден вид „мешовит бизнис парк“, а ќе биде наменет за различни клиенти, заинтересирани за истражување, индустриски и меѓународни клиенти, но и за туристи.

Blue Origin неодамна се најде на насловните страници по лансирањето на 90-годишната икона од Star Trek Вилијам Шатнер, кој го промовираше вселенскиот туризам за време на неговиот краток престој таму.

До денес, најголемата вселенска станица каде што астронаутите поминале најдолго време е Меѓународната вселенска станица (ISS), управувана од американската вселенска агенција НАСА заедно со бројни партнерски агенции од целиот свет.

Од 2000 година, ISS е постојано населена со ротирачки состав на астронаути.

И Кина во моментов работи на изградба на сопствена вселенска станица Тиангонг, а неколку други приватни компании веќе ги истакнаа плановите за комерцијални вселенски станици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП