29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Alibaba“ загуби 344 милијарди долари од пазарната капитализација за една година

„Alibaba“ загуби 344 милијарди долари од пазарната капитализација за една година

Малкумина можеа да ја предвидат надолната спирала дека „Alibaba Group Holding“ ќе се намали кога нејзиниот основач, Џек Ма, остро го критикуваше кинескиот финансиски систем во минатиот октомври.

Сега, една година подоцна, технолошкиот гигант загуби импресивна пазарна капитализација од 344 милијарди долари – најголем пад на вредноста на акционерите на глобално ниво, според податоците собрани од „Bloomberg“.

Набргу по познатиот говор на Ма, Пекингј го прекина планираното котирање на финтех единицата на неговата компанија, „Ant Group“, а потоа започна голема кампања за ограничување на еден од најдоброрастечките сектори во земјата. Сето ова доведе до пад на вредноста на акциите на голем број кинески компании.

Акциите на „Alibaba“ потонаа на историски најниско ниво во истиот месец и достигнаа рекордно ниско ниво пред три недели во Хонг Конг, откако Пекинг интервенираше и ги критикуваше практиките на компанијата.

Гигантот за онлајн трговија беше повикан да изврши големо реструктуирање на својот финтех бизнис.

И покрај закрепнувањето од 30 проценти од 5-ти октомври, акциите сè уште се тргуваат по цена што е за 43% пониска од „пикот“ постигнат во октомври 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП