29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Tesla“ се приклучи на клубот на компании со капитализација од 1 над...

„Tesla“ се приклучи на клубот на компании со капитализација од 1 над трилион долари

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ достигна 1 трилион долари пазарна капитализација во понеделникот.

Ова се случи по објавувањето на веста дека „Hertz“ нарачал 100.000 возила од неа за да ги прошири своите понуди за изнајмување електрични возила до крајот на 2022-ра година, пишува „CNBC“.

Со тоа компанијата на Илон Маск се приклучи на клубот на компании со пазарна капитализација од над трилион долари, во кој се вклучени и „Apple“, „Amazon“ и „Microsoft“.

Веста за договорот ја поттикна цената на акциите на „Tesla“ до 998 долари во текот на денот – ново рекордно високо ниво во трговската сесија, откако акцијата достигна 900 долари порано.

Договорот, кој се очекува да донесе 4,2 милијарди долари на „Tesla“, е најголемата нарачка за електрични автомобили во историјата, напиша претходно „Bloomberg“.

Од компанијата „Tesla“ не беа достапни за коментар.

„Bloomberg“, исто така, напиша дека автомобилите треба да бидат испорачани во рок од 14 месеци и ќе бидат достапни за клиентите во САД и делови од Европа од ноември, според извори запознаени со ова прашање.

Договорот дојде по повеќе од една година откако „Hertz“ објави стечајна постапка откако пандемијата силно го оптоваруваше нивниот бизнис бидејќи побарувачката за изнајмување возила ослабе поради помалку патувања. Оваа година, инвеститорите од „Knighthead Capital Management“ и „Certares Management“ изјавија дека ќе ја преземат компанијата.

Според „Jato Dynamics“, електричниот седан „Tesla Model 3“ стана првото целосно електрично возило со врвна продажба на нови автомобили во Европа во септември.

Заклучно со септември, „Tesla“ имаше 24.600 единици регистрирани во Европа, што претставува пазарен удел од 2,6%, според „Jato“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП