20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХауген: Фејсбук шири омраза

Хауген: Фејсбук шири омраза

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг и социјалната мрежа веќе се изјаснија против обвинувањата на Френсис Хауген и ги претставија своите иницијативи за борба против омразата на интернет.

Поранешната вработена во Фејсбук, Френсис Хауген, им кажа на британските пратеници во понеделникот дека објавувањето содржини од омраза е „најдобар начин за раст“ на социјалната мрежа и ги повика да донесат построги закони.

Свиркачот, која објави истражување кое покажува дека Фејсбук е свесен за штетноста на платформата, рече дека платформата „без сомнение“ знае како да шири омраза на интернет.

Информатичарката, која сведочеше пред американскиот Конгрес овој месец, објасни дека Фејсбук користи систем кој дава приоритет на содржината која собира најмногу кликови.

„Гневот и омразата се најлесните начини за посета на Фејсбук“, рече Хауген, која ја напушти компанијата во мај.

„Длабоко сум загрижена што Инстаграм не може да биде безбеден за четиринаесетгодишници и се сомневам дека е можно да биде безбеден за некој кој има десет години“, додаде таа, мислејќи на платформата, која е во сопственост на Фејсбук.

Хауген останува на ставот дека „флексибилното и ажурирано законодавство е неопходно со развојот на содржината и социјалните мрежи“. „Треба да бараме одговорност од овие компании“, додаде таа, повикувајќи на поголема човечка интервенција наместо алгоритми и вештачка интелигенција.

Како дел од својот предлог закон за сигурноста на мрежите, британската влада има намера да воведе казни против одговорните во компанијата кои не се борат против штетната содржина на нивната платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП