23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако да исчезнете од „TikTok“ засекогаш и никогаш повеќе да не се...

Како да исчезнете од „TikTok“ засекогаш и никогаш повеќе да не се вратите таму

„TikTok“ веќе некое време е најбрзо растечката апликација за социјално вмрежување на глобалниот интернет.

Иако бројот на корисници постојано расте, сигурно има и такви кои би сакале засекогаш да ја напуштат таа мрежа, па со право може да се постави прашањето како да се избрише „TikTok“ профилот.

Одговорот на тоа прашање не е многу комплициран, па ако треба целосно да исчезнете од таа социјална мрежа, прочитајте го овој текст до крај, а се што треба да направите е да ги следите следните чекори:

Кликнете на копчето „Me“ во долниот десен агол на екранот,

Потоа кликнете на трите хоризонтални линии во горниот десен агол за да го отворите менито,

Следно одете на „Manage account“ кое е на врвот на листата,

На крајот изберете „Delete account“ кое се наоѓа на дното на екранот

Ако кликнете на оваа опција, повеќе нема да можете да се најавите на вашата претходен профил. Ова значи дека ќе го изгубите пристапот до видеата што сте ги објавиле досега и пораките што сте ги испратиле, додека истите тие пораки ќе останат видливи за нивните примачи.

Исто така, вашиот профил ќе биде деактивиран во следните 30 дена и нема да биде видлив за другите корисници.

По тој период, доколку не се предомислите во текот на истиот, вашиот профил ќе биде трајно избришан. Значи, ако се согласувате со бришењето, кликнете на „Continue“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП