27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарната вредност на Тесла надмина илјада милијарди долари

Пазарната вредност на Тесла надмина илјада милијарди долари

Пазарната вредност на Тесла премина 1 трилион долари во понеделникот, откако компанијата ја доби најголемата нарачка на возила досега од компанијата за изнајмување автомобили Hertz.

Акциите на Tesla пораснаа за 14,9%, а вредноста на компанијата достигна 1045 милијарди долари, со што Tesla стана највредниот производител на автомобили во светот.

Тесла е и првата автомобилска индустрија која се приклучи на елитниот клуб на компании во вредност од илјада милијарди долари и повеќе – Apple, Amazon, Microsoft и Alphabet.

Повеќето производители на автомобили не се фалат со нарачки од компании за изнајмување автомобили на кои им продаваат по намалени цени возила кои слабо се продаваат.

Но, за Тесла и нивните инвеститори, одлуката на Hertz да нарача 100.000 автомобили од Тесла до крајот на 2020 година покажува дека електричните возила повеќе не се ексклузивен производ, туку ќе доминираат на масовниот пазар на автомобили во блиска иднина.

„Електричните возила сега се мејнстрим и ние сме само сведоци на почетокот на глобалната побарувачка и интерес“, рече извршниот директор на Herz, Марк Филдс.

Извршниот директор на Тасла, Илон Маск, постави стапка на раст на продажбата од 50 проценти годишно, која во одреден момент би требало да достигне 20 милиони продадени возила за една година. Тоа е двојно повеќе од продажбата на актуелните лидери на пазарот Volkswagen и Toyota.

Побарувачката за електрични возила на некои пазари веќе ги надмина очекувањата, па моделот 3 на Тесла беше најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец, објави во понеделникот консултантската компанија JATO Dynamics.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП