29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриени детали за таблетот „Galaxy Tab S8 Ultra“

Откриени детали за таблетот „Galaxy Tab S8 Ultra“

Вчера имавме можност да видиме рендери на стандардниот таблет „Galaxy Tab S8“, а сега има фотографии од премиум моделот „Galaxy Tab S8 Ultra“ на „Samsung“.

Таблетот би можел да има исечок за предната камера во својот 14,6-инчен екран, што секако е подобро решение од конвенционалниот дизајн со имплементација на камерата во голема рамка.

На задната страна, „Galaxy Tab S8 Ultra“ ќе има систем со двојна камера и карактеристична магнетна лента за да го држи паметното пенкало – „S pen“. Изворот на рендерот посочува дека фотографиите не се 100% завршени, па постои можност дизајнот донекаде да биде променет.

Со стандардниот „Tab S8“, како и кај моделот „S8 +“, не се очекуваат засеци на екранот на селфи камерата. Не е познато кога ќе биде претставена серијата „Galaxy Tab S8“, а изворите сугерираат дека тоа ќе се случи во текот на ноември или декември, додека некои дури го споменуваат почетокот на 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП