19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАларм! Три притаени симптоми на дијабетес

Аларм! Три притаени симптоми на дијабетес

Којзнае уште колку пати ќе повториме дека телото во повеќето случаи ни испраќа сигнали дека нешто не е во ред.

Ова е случај и со дијабетесот, а факт е дека симптомите на висок шеќер остануваат незабележани долго време, што го зголемува ризикот од развој на проблеми со срцето или оштетување на нервите.

Според лекарите, најчестите скриени симптоми на висок шеќер во крвта се невообичаеното пецкање на различни делови од телото.

Оваа состојба се јавува кога хипергликемијата ги оштетува нервните завршетоци.

Друг знак на болеста е чешање на кожата и долго време заздравување на модринките.

-Дијабетесот има многу рани симптоми, а некои се прилично нејасни. Доколку ги забележите, обидете се да јадете што повеќе храна со малку јаглехидрати, многу протеини и лиснат зеленчук. Избегнувајте благи пијалоци и пијте најмалку два литра вода дневно. Можно е за неколку дена да исчезнат сите овие знаци – велат лекарите од клиниката „Вен УНЦ Хелт Кер“.

Експертите, исто така, објаснија дека понекогаш овие симптоми не се поврзани со дијабетес, туку можат да бидат последица на прекумерно внесување на јаглехидрати со кои телото не може да се справи.

На пример, пецкањето може да биде предизвикано од слаба циркулација на крвта, а чешањето предизвикано од алергии или егзема.

Меѓутоа, ако барем два од овие симптоми се појават во исто време, се препорачува да се консултирате со лекар. Ако не се лекува, дијабетесот го зголемува ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар, како и проблеми со бубрезите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП