25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го најавува Golf R

Volkswagen го најавува Golf R

golf r

„Volkswagen“ објави затемнета фотографија на таинствен „Golf“ со индиции кои укажуваат дека станува збор за неговата најмоќна „R” верзија и дека негова премиера можеме да ја очекуваме наскоро.

Фотографијата на која е прикажана силуета на новиот „Golf“ ја следат зборовите – „R“ пристигнува и ознаката „300“. Иако неможе со сигурност да се тврди, логично е да се претпостави дека „Volkswagen“ најавува премиера на најсилниот „Golf“ за претстојниот авто-саем во Франкфурт, додека бројот 300 би требало да се однесува на бројот на „коњи“ кои ќе бидат заробени под хаубата на овој автомобил.

Се претпоставува дека е во прашање четирицилиндричен 2.0 литарски турбо мотор кој развива токму 300 ks со максимален вртежен момент од 380 Nm, a кој веќе се наоѓа во новото „Audi S3“.

Освен дека во овој случај ќе биде за десет проценти помоќен од „Golf R“ кој е на заминување, автомобилот благодарејќи на новата платформа „MQB“ ќе биде и полесен, па поради тоа треба да се очекуваат и подобри перформанси од претходникот. Според претходните проценки „VW Golf 7 R“  од место до 100 km/h ќе стигне за околу 5 секунди, додека максималната брзина ќе биде ограничена на 250 km/h.

Со оглед дека саемот за автомобили во Франкфурт е наскоро, повеќе информации може да очекуваме во неделите кои доаѓаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП