Веќе подолго време кружат информации дека „Oppo“ го подготвува својот прв флексибилен телефон, а се сугерираше дека ќе биде претставен во одреден момент од оваа година. Новите гласини од Кина сега сугерираат дека телефонот се очекува во текот на ноември.
Флексибилниот телефон на „Oppo“, наводно, ќе има внатрешен дисплеј од 8 инчи, со освежување од 120 Hz и „LTPO“ технологија (што веројатно значи дека е создаден од „Samsung“). Телефонот треба да работи на чипсет „Qualcomm Snapdragon 888“.

