29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се зголемат цените во кафулињата, ќе поскапат и хотелските аранжмани

Ќе се зголемат цените во кафулињата, ќе поскапат и хотелските аранжмани

Хотелиерите влегоа во пресметки. Зголемувањето на цените на енергенсите на светските берзи, им создадоа нови проблеми. Поради континуираниот раст ќе бидат приморани да ги поскапат хотелските аранжмани за следата летна сезона и тоа за околу 20 проценти. Но уверуваат дека засега односно за зимскиот период, ќе се обидат да ги задржат старите цени.

-Набавните цени на суровините, веќе се многу поскапени, па поради тоа и ние мора да направиме корекција на цените во нагорна линија, за да може да бидеме во позитива. Имаме сериозни бројки на вработени, луѓе кои работата и по 12 месеци. Затоа мора да правиме калкулации врз основа на цените на берзите,  да имаме средства да пуштиме плати на вработените, да имаме за да ги одржуваме објектите и на крајот расходите од една страна и приходите од друга, треба да се на позитивна нула. Тука се и инвестициите, нов инвентар, кујни, техники, за да може да го следиме трендот со останатите туристички дестинации и нивните објекти и да бидеме конкуретни, вели за “Денар” Крсте Блажевски од ХОТАМ.

Според Блажевски трошоците за електрична енергија серизоно се зголемени.

-Ако за киловат од прилика плаќавме по 5 денари, од јули, август и септември се чуствува зголемување на трошокот на 7 и 8 денари за киловат и тоа покачување веќе може да се каже дека не е мало. Сепак ние меѓусебно ги почитуваме договорите со снабдувачите со струја, додава Блажевски.

Смета дека и со сегашните цени, хотелските аранжмани се многу пониски од оние во регионот, од Албанија која последниве две години е интересна за туристите, од оние во Грција и Србија. И да се зголемат цените, повторно ќе бидат најниски и затоа не очекувуваат дека со тоа ќе ги изгубат туристите.

Освен хотелските аранжмани, се очекува да поскапат и пијалоците во угостителските објекти. Кај некој веќе има раст, но некои угостители се трудат да ги задржат цените. Сепак велат дека ќе биде многу тешко.

-Во изминатиов период  скоро сите производители и добавувачи на храна и пијалоци без разлика дали се локални или глобални поради смалениот обем на работа ги зголемија своите цени од 5 и над 30 %. Дополнителните трошоци поради покачувањето на цената на енергенсите како и енормното брзо покачување на дневниците, односно на платите на вработените во угостителството, не би не зачудило угостителите во своите објекти да ги зголемат цените на услугите и производите од 10 % па до 30% и повеќе , вели за “Денар” Здравко Јосифовски од  НУК.

Глобалните берзански движења на хотелиерите и угостителите им создадоа нови главоболни. Претходно поради Ковид 19 не работеа една година. А потоа кога минимално се создадоа услови, функционираа со протоколи и со половна капацитет. И во моментов работат според правилници, но цената  на струјата која повлече низа поскапувања им создаде нов удар, со кои се надеваат дека ќе се справат. Велат дека загубите од пандемијата се уште не можат да ги покријат, а веќе може да прокнижат и нови. Јосифовски вели дека моменталните цени и смалениот обем на работа, главно поради протколите ја доведоа индустријата до банкрот, а сега со растот на цените на енергенсите и суровините ќе бидат приморани да направат и корекции на цените со што ќе биде доведена во прашање економската исплатливост и работење на нивните бизниси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП